Убедлив пораз на Работнички од Академија Пандев
Работнички доживеа убедлив пораз (0-5) од Академија Пандев на арената „Тодор Проески“ во второто коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Лошите реакции во одбраната, посебно во првиот дел, придонесоа за овој лош резултат.
Во десеттата минута, по една мешаница во шеснаесетникот, топката дојде до Горан Томовски кој шутираше со глава, а на гол-линијата не успеа да спаси Поповски. Тоа беше водство за гостите.
Во 24.минута, Академија Пандев ја удвои предноста. Најденов нафрли од слободен удар, топката го удри Иво Јанакиевски и го изненади Алексовски.
Пред крајот на првото полувреме, Ване Крстевски излезе сам пред Алексовски и егзекутираше за 0-3.
Во второто полувреме, тренерот Љупчо Марковски направи неколку замени, шанса имаше Крсте Велкоски, но Марко Јовановски одлично интервенцираше. Во игра влезе и Арменд Алими кој се опорави од тешката повреда на тетивата.
Сепак, Ване Крстевски беше незадржив и постигна уште два гола. Во 52.минута постигна четврти гол за Академија Пандев, а во судиското продолжение го постави и конечниот резултат, 0-5.