Александар Грујоски ќе го суди мечот Струга ТЛ – Работнички в недела
Работнички в недела (17 часот) ќе биде гостин на Струга Трим Лум во третото коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на мечот ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија е Марјан Стојановски од Кичево.
За делегат на натпреварот е одреден Гоце Цветановски од Демир Хисар, а контролор на судењето ќе биде Коле Василев од Скопје.