Марселин Гандо Биала нов фудбалер на Работнички
Работнички се засили со камерунскиот интернационалец Марселин Гандо Биала. Тој потпиша договор до крајот на 2023 година и ќе го засили нападот на нашиот тим. Марселин Гандо Биала одреден период веќе тренира со составот на Љупчо Марковски и веќе се вклопи во екипата.
Марселин Гандо Биала (25) доаѓа од египетскиот клуб Петројет, а има претходно искуство од Европа каде настапувал за Левадија (Естонија) и за Енозис (Кипар). Тој има играно и во неколку камерунски клубови, Лес Астрес, Униспорт Бафанг, Апејес и Њу Стар.