Дејан Ѓуриќ ја засилува одбраната на Работнички
Српскиот интернационалец Дејан Ѓуриќ е нов фудбалер на Работнички. Тој потпиша едногодишен договор со клубот.
Ѓуриќ има 23 години, игра на позицијата централен дефанзивец и треба да ja зголеми конкуренцијата во одбраната на нашиот тим.
Дејан Ѓуриќ доаѓа од српскиот клуб Раднички Сремска Митровица, а претходно има настапувано за Бродарац и за Жарково.