Мечот Работнички – Тиквеш ќе се игра на комплексот на ФФМ, ќе го суди Јован Качевски
Работнички во претстојното коло ќе биде домаќин на Тиквеш на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ. Мечот е закажан за в недела, со почеток од 16 часот, како дел од четвртото коло во Првата фудбалска лига.
Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга, а ќе му помагаат Слаѓан Маркоски (Гостивар) и Александар Ѓорѓески (Тетово). Четврти судија е Благојче Ралевски (Битола).
За делегат на натпреварот е одреден Тони Донев (Валандово), а контролор на судењето ќе биде Зоран Николовски (Скопје).