Игор Стојчевски ќе го суди мечот Македонија ЃП – Работнички в среда
Работнички в среда (16 часот) во петтото коло од Првата фудбалска лига ќе ги одмери силите со Македонија ЃП на стадионот во Ѓорче Петров. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Филип Ицковски. Четврти судија ќе биде Дарко Стојчевски.
За делегат на натпреварот е одреден Џевдет Далипи од Кичево, а контролор на судењето ќе биде Горан Спиркоски од Прилеп.