Игор Стојчевски ќе го суди мечот Шкупи – Работнички в недела
Работнички во седмото коло од Првата фудбалска лига ќе гостува на Чаир и ќе ги одмери силите со Шкупи. Натпреварот е закажан за в недела, со почеток во 16 часот, а одредени се и официјалните лица.
Главен судија на мечот ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Бранко Путилин. Четврти судија е Дарко Стојчевски.
За делегат на натпреварот е одреден Гоце Ефтимов од Штип, а контролор на судењето ќе биде Зоран Петковски од Велес.