Љупчо Марковски не е веќе тренер на Работнички
Љупчо Марковски не е веќе шеф на стручниот штаб на Работнички. По вчерашниот убедлив пораз (5-0) од Шкупи, тој заминува од функцијата. Марковски поднесе оставка од морални причини.
На куп-натпреварот што претстои в среда против БВК Коњари тимот ќе го води досешниот прв асистент Стојан Игњатов.