Игор Стојчевски ќе го суди мечот Работнички – Победа в сабота
Работнички в сабота (15 часот) ќе ја пречека Победа на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на натпреварот ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, а ќе му помагаат Мартин Дејаноски (Кичево) и Давор Цветаноски (Кичево). Четврти судија е Дарко Јовчевски (Тетово).
За делегат на натпреварот е одреден Иван Путилин (Скопје), а контролор на судењето ќе биде Драге Стојановски (Куманово).