Милан Илиевски и Баже Илијоски го презедоа тимот и го одржаа првиот тренинг (ФОТО)
Милан Илиевски е нов шеф на стручниот штаб, а Баже Илијоски негова „десна рака“. Во стручниот штаб на Работнички остануваат кондицискиот тренер Тодор Терзиев и тренерот на голмани Филип Ивановиќ.
Денеска тие го презедоа тимот и го одржаа првиот тренинг. Првиот испит ќе биде дуелот против Брегалница во Штип, во следното првенствено коло, веднаш по репрезентативната пауза.