Стојанче Стојанов ќе го суди мечот Работнички – Шкендија
Работнички утре (14 часот) ќе биде домаќин на Шкендија во 11. коло од Првата фудбалска лига. Мечот ќе се одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Одредени се официјалните лица за овој меч.
Главен судија ќе биде Стојанче Стојанов од Штип, а ќе му помагаат Даниел Василевски (Скопје) и Мартин Петковски (Куманово). Четврти судија е Димитар Пилешков (Штип).
За делегат на натпреварот е одреден Гоце Маркоски од Охрид, а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља од Струга.