Јован Качевски ќе го суди мечот Академија Пандев – Работнички в недела
Работнички в недела ќе гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со Академија Пандев во 13.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга, а ќе му помагаат Давор Цветаноски (Кичево) и Мартин Дејаноски (Кичево). Четврти судија е Крумислав Ѓорѓиев од Штип.
За делегат на натпреварот е одреден Митко Бојаџиев од Чешиново, а контролор на судењето ќе биде Марјан Кировски од Скопје.