Триумф (2-0) над Македонија ЃП
Работнички оствари важен триумф од 2-0 против Македонија ЃП во 16.коло од Првата фудбалска лига. Сега нашиот тим се наоѓа на седмото место на табелата со 18 бода.
На стадионот „Борис Трајковски“ се одигра интересен натпревар, отворен од двете страни. Работнички прв се закани преку Рушевиќ и Велкоски, а возврати Алексовски.
Сепак, Работнички дојде во водство во 26.минута со голот на Анес Рушевиќ. Одбраната на Македонија ЃП имаше лоша реакција, тоа го искористи Рушевиќ кој излезе сам пред Стевковски и го совлада со прецизен удар.
Само две минути подоцна Работнички ја удвои предноста. Арменд Алими изведе слободен удар, а Филип Мишевски во обид да расчисти си постигна автогол.
Во вториот дел, Ѓорѓи Стоилов се обиде со удар со глава, но Алексовски беше сигурен.
Македонија ЃП имаше убава шанса и преку Арби Воша, но, сепак, мрежата на Работнички мируваше до крајот.