Стојан Трпчевски ќе го суди мечот Работнички – Шкупи в недела
Работнички в недела на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе биде домаќин на Шкупи. Натпреварот е закажан за 13 часот, а одредени се и официјалните лица.
Главен судија на мечот ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а ќе му помагаат Драган Трпчевски и Душко Панов. Четврти судија е Стојанче Стојанов од Штип.
За делегат на натпреварот е одреден Тони Шалев од Кавадарци, а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски од Скопје.