Методи Максимов од Работнички прави трансфер во Шкендија
Фудбалерот на Работнички, Методи Максимов, прави трансфер во Шкендија. Во договор на двата клуба, младинскиот репрезентативец на Македонија, во иднина ќе настапува за тетовскиот клуб.
Тој во есенскиот дел од првенството одигра 14 натпревари за Работнички, вкупно 1164 минути и постигна три гола.
ФК Работнички му се заблагодарува на Методи Максимов за секој момент, секоја емоција, секоја минута во дресот на нашиот клуб.
Благодариме за сѐ Метка, многу среќа и успех во понатамошната кариера!