Работнички ги стартуваше подготовките (ФОТО)
Тимот на Работнички денеска ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната. Детализиран е планот, првата фаза ќе се одвива во Скопје, а во периодот од 28. јануари до 6. февруари екипата ќе замине во Охрид, каде ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари.
„Почнуваме со работа. Верувам дека ќе одработиме добри подготовки и тимот ќе биде подготвен за искушенијата во вториот дел од шампионатот“, изјави шефот на стручниот штаб, Милан Илиевски.