Триумф над Кожуф на првиот тест оваа зима
Работнички го победи Кожуф со 0-3 на пријателскиот натпревар што се одигра во Богданци. Ова е првиот тест за тимот на Милан Илиевски во текот на зимските подготовки.
Првиот погодок за Работнички беше дело на Анес Рушевиќ по проигрување од Манојлов, а до крајот на првиот дел погоди и Кире Маркоски, исто така на асистенција на Манојлов.
Во второто полувреме, Работнички стигна до конечните 0-3 со голот на Фати Исмаили.