Продолжена соработката со Арменд Алими
Искусниот фудбалер за врска Арменд Алими и во вториот дел од сезоната останува дел од ФК Работнички. По денешната средба со раководството на клубот тој го продолжи договорот до крајот на шампионатот.
Алими од утре ќе се приклучи на подготовките на тимот во Охрид.
Работнички утре го очекува пријателски натпревар со второлигашот Охрид, а на 6.февруари ќе има тест и против Воска Спорт.