ФК Работнички, клуб за пример во Македонија и регионот – Меѓународна УЕФА работилница за клупско лиценцирање
Оваа година e јубилејна, 20 години од постоењето и имплементирањето на клупскиот лиценцен систем од страна на Фудбалската федерација на Македонија.
За таа цел, во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, во организација на УЕФА и Фудбалската Федерација на Македонија беше одржана меѓународна работилница поврзана со УЕФА клупскиот лиценцен систем на кој учество земаа 23 држави од Европа.
На покана на ФФМ, беше направена и презентација од ФК Работнички, преку Генералниот секретар Ненад Монев, за работата со млади категории и стратегијата за општествена одговорност.
ФК Работнички е единствениот клуб кој учествува во сите лиценцни процеси во изминатите 20 години, започнувајќи од 2003 година.
На УЕФА меѓународната работилница беа присутни сите лиценцни менаџери заедно со нивните тимови на експерти на кои разменија искуства и најдобри пракси поврзани со клупскиот лиценцен систем во нивните земји.
На работилницата беша презентиран клупскиот лиценцен систем во Македонија од страна на Генералниот секретар Филип Поповски, а додека техничкиот директор Зоран Стратев презентираше за работата на Фудбалската федерација на Македонија во насока на развојот на младинскиот фудбал и работата на фудбалските академии.