Филип Тодороски потпиша за Работнички
Работнички доведе уште едно засилување во пресрет на вториот дел од првенството во Првата лига. Нов фудбалер на нашиот тим е Филип Тодороски.
Тој доаѓа од редовите на Победа и потпиша двегодишен договор со Работнички.
Тодороски е еден од најталентираните млади играчи за врска во Македонија, имаше понуди и за заминување во странство, а се наметна изминатата полусезона во дресот на Победа. Тој одигра 14 натпревари во прилепскиот прволигаш, вкупно 697 минути, и забележа една асистенција.