shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Фета Фетаи потпиша четиригодишен договор со Работнички

Големиот талент Фета Фетаи потпиша професионален четиригодишен договор со Работнички. Тој е уште еден од плејадата талентирани фудбалери кои потекнуваат од школата на клубот и добиваат свое место во сениорскиот тим. Тој е играч од средниот ред.

Фетаи од почетокот на сезоната е прекомандуван во сениорскиот погон, а го имаше и официјалното деби. Се наметнува сериозно кај шефот на стручниот штаб Милан Илиевски и пред него е светла иднина.