Работнички в недела ќе ја пречека Брегалница на стадионот „Борис Трајковски“
Работнички во 20.коло од Првата фудбалска лига, в недела ќе биде домаќин на Брегалница. Мечот ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, со почеток во 14 часот.
Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Стојановски во Кичево, а ќе му помагаат Давор Цветаноски и Мартин Дејаноски. Четврти судија е Фуркан Идризи (Тетово).
За делегат на натпреварот е одреден Јакуп Ќазимоски од Струга, а контролор на судењето ќе биде Зоран Петковски од Велес.