Пораз (3-1) од Шкендија во Тетово
Работнички доживеа пораз од Шкендија со 3-1 на денешното гостување во Тетово во 22.коло од Првата фудбалска лига. По ова коло заокружен е вториот круг од шампионатот, Работнички се наоѓа на осмото место на табелата и ќе го отвори третиот круг со меч против Шкупи на гостински терен.
Тимот на Милан Илиевски не успеа да стигне до позитивен резултат на дуелот против Шкендија. Клисман Цаке во десеттата минута успеа да ја затресе мрежата на Игор Алексовски, а Васко Милев во 28.минута зголеми на 2-0.
Во вториот дел, Мујезиновиќ во 82.минута постигна трет гол за Шкендија, а Работнички постигна погодок преку Анес Рушевиќ во 93.минута од мечот.