Работнички ќе ја пречека Струга Трим Лум на стадионот „Борис Трајковски“
Работнички во 24. коло од Првата фудбалска лига ќе биде домаќин на Струга Трим Лум. Натпреварот ќе се одигра в сабота, со почеток во 15 часот, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Одредени се и официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Крумислав Ѓорѓиев, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Бранко Путилин. Четврти судија е Фуркан Идризи.
За делегат на натпреварот е одреден Сулејман Ибиши, а контролор на судењето ќе биде Ѓорги Карајанов.