Александар Ставрев ќе го суди мечот Работнички – Скопје во Велес
Работнички во 27.коло од Првата фудбалска лига утре (16 часот) ќе биде домаќин на ФК Скопје на стадионот во Велес. Ова поради зафатеноста на стадионите во главниот град.
Одредени се официјалните лица на овој натпревар. Главен судија е Александар Ставрев од Скопје, а ќе му помагаат Петар Новачев (Велес) и Гоце Петрески (Скопје). Четврти судија е Марјан Младеновски (Скопје).
За делегат на натпреварот е одреден Илир Бектеши (Струга), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).