Триумф (1-3) против Тиквеш во Кавадарци
Работнички ја оствари десеттата победа во првенството, трета во низа, откако го совлада Тиквеш на гости во Кавадарци со 1-3. По ова 30.коло од шампионатот, нашиот тим се искачи на седмата позиција со 34 освоени бода.
Кире Маркоски во 21.минута го доведе Работнички во водство, а пред полувремето Марселин Гандо Биала зголеми на 0-2.
Во второто полувреме капитенот Крсте Велкоски третпат ја погоди мрежата на Тиквеш, а во финишот Иван Ивановски го постави конечниот епилог.