Пораз (2-0) од Силекс во Кратово
Работнички загуби со 2-0 од Силекс во Кратово, во 32.коло од Првата фудбалска лига. Со тоа е прекината убавата низа победи во последните неколку кола. По ова, нашиот тим се наоѓа на осмата позиција на табелата со 37 бода.
Силекс дојде во водство во 19.минута од натпреварот. Марко Ѓорѓиевски успеа да искористи грешка во одбраната на Работнички и постигна погодок.
Во 33.минута, Давид Манасиевски зголеми на 2-0. Тој одзеде топка, дојде до работ на шеснаесетникот и со удар со надворешно ефе погоди во спротивниот агол од голот на Филип Илиќ.
Работнички во последното коло на домашен терен ќе ја пречека Шкендија.