Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди мечот Работнички – Шкендија
Работнички во последното 33. коло од Првата фудбалска лига в недела ќе биде домаќин на Шкендија на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија е Крумислав Ѓорѓиев од Штип, а ќе му помагаат Кристијан Џонов и Ристо Ѓорѓиев. Четврти судија е Стојанче Стојанов.
За делегат на натпреварот е одреден Васко Бошевски од Битола, а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски од Скопје.