Тројца фудбалери на Работнички на списокот на селекторот Канатларовски
Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Драган Канатларовски, повика тројца фудбалери на Работнички за двата пријателски натпревари против селекциите на Ерменија и Малта, кои ќе се одиграат во средината на јуни. Тоа се Стефан Деспотовски, Матеј Ангелов и Димитар Тодоровски.
Двете пријателски средби, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе ги одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 17 часот.
Првиот контролен меч го играме против селекцијата на Ерменија на 15. јуни, а пет дена подоцна е втората контролна пресметка против репрезентацијата на Малта.