Дин Аломеровиќ уште две години во Работнички
Левиот бек Дин Аломеровиќ ја продолжи верноста кон клубот. Тој и во наредните две години ќе биде дел од тимот на Работнички.
Аломеровиќ денеска се обврза на нова двегодишна верност кон ФК Работнички и ќе продолжи да биде еден од адутите на тренерот Милан Илиевски и во претстојната нова сезона 2023/24.
Тој минатата сезона беше еден од најстандардните фудбалери во составот на Работнички, одигра 28 натпревари во Првата фудбалска лига и забележа три асистенции.
Претходно, нов договор со ФК Работнички потпиша и Кире Маркоски.