Репрезентативецот Игор Алексовски го продолжи договорот со Работнички
Македонскиот репрезентативец Игор Алексовски останува верен на Работнички. Тој денеска го продолжи договорот со клубот за дополнителни 18 месеци. Останувањето на Алексовски ќе донесе сигурност и цврстина во одбраната, а Работнички и во наредниот период ќе има квалитетно решение на голманската позиција.
„Среќни сме што ќе го имаме Игор Алексовски во тимот и во наредниот период. Неговото останување беше еден од приоритетите на клубот, тој треба да биде една од клучните фигури во тимот што треба да го врати Работнички при самиот врв на македонскиот фудбал. Ќе работиме на уште неколку засилувања на составот за да бидеме подготвени за новата сезона во која треба да се бориме за највисок пласман“, изјави претседателот Драган Поповски.
Минатата сезона Игор Алексовски имаше 27 настапи за Работнички во македонскиот шампионат, а досега има два настапи и во најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија.