Крсте Велкоски: Можеме многу во новата сезона, а Работнички има шампионски гени
Убав ден во Дебар Маало. Пристигна македонскиот репрезентативец Томче Гроздановски, а нов едногодишен договор со ФК Работнички потпиша и капитенот Крсте Велкоски.
Тоа е нераскинлива врска, релација и многу повеќе од фудбалска, а капитенот денеска и официјално парафираше до јуни 2024 година.
„Најубаво е дома. Со Работнички се разбираме со поглед и драго ми е што во пресрет на новата сезона хоризонтот пред нас е сѐ поширок. Верувам дека заедно со момците можеме многу во новиот шампионат, а Работнички секако во себе има шампионски гени“, вели капитенот Крсте Велкоски.