Гандо Биала го продолжи договорот со Работнички
Напаѓачот Марселин Гандо Биала (26) ја продолжи верноста кон ФК Работнички за нови две години. Тој стави потпис на нов договор и ќе го носи дресот на нашиот клуб до јуни 2025 година.
Гандо Биала пристигна во Работнички минатото лето и во сезоната што измина одигра 24 натпревари, постигнувајќи шест гола.
„Останувам во Работнички со драго срце и мотивиран сум да направиме нешто големо“, изјави Марселин Гандо Биала.
Камерунецот кариерата ја почна во домашните клубови Униспорт Бафанг, Астрес и Њу Стар, а првиот негов клуб на европско тло беше Левадија Талин. Потоа играше и во кипарскиот клуб Енозис, а во Работнички пристигна од египетскиот клуб Петроџет.