Работнички ремизираше со Тиквеш (2-2) на првиот тест
Работнички и Тиквеш одиграа 2-2 на денешниот пријателски натпревар во Скопје. Тоа беше прв тест за тимот на Милан Илиевски, кој в недела заминува на подготовки во Словенија. По екстремно жешки временски услови, двата тима прикажаа квалитетен фудбал за овој период од подготовките.
Во првото полувреме немаше голови, а Тиквеш поведе во 51.минута со погодокот на Кутеж Гал.
Работнички израмни преку Мартин Мисердовски во 74.минута, а десет минути подоцна Марселин Гандо Биала се погрижи за пресврт.
Сепак, Тиквеш преку Мартин Тодоров успеа да израмни на 2-2 во 90.минута од дуелот.
Тренерот Милан Илиевски ја подели минутажата на сите фудбалери.