Пораз (0-4) од Ал-Етифак
Работнички го одигра последниот пријателски натпревар на подготовките во Словенија и загуби од Ал-Етифак со 4-0. Овој меч се одигра на стадионот во Чаковец, Хрватска.
Саудискиот клуб кој го предводи Стивен Џерард постигна по два гола во првото и во второто полувреме.
Двоен стрелец за противникот беше Кваизон, а по еден погодок постигнаа Витињо и Муса Дембеле.
Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски не играше за Ал-Етифак на овој дуел.
Работнички на легендарниот Стивен Џерард и на својот поранешен фудбалер Дарко Велковски им подари дресови од клубот.