Милан Илиевски: Го респектираме Шкупи, но и Работнички има големи амбиции во новата сезона
Работнички утре (17 часот) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ја отвора новата сезона во Првата фудбалска сезона. Противник е Шкупи, кој веќе е во натпреварувачки ритам поради настапите во Конференциската лига на УЕФА.
Тренерот Милан Илиевски вели дека тимот е подготвен за првенствениот старт и очекува тежок и неизвесен натпревар против Шкупи.
„Имаме максимален респект за Шкупи, тие се во натпреварувачки ритам, а ние допрва ќе фаќаме залет. Мислам дека одработивме одлични подготовки, игравме против силни екипи и тоа требаше да биде вистинска увертира за првенствените предизвици што нѐ очекуваат. Верувам дека ќе се претставиме во добро издание и очекувам тежок и неизвесен натпревар. Кога ќе почне првенството, тогаш секако дека бодовите се најважни, а ние ќе сториме сѐ да стигнеме до позитивен резултат на стартот“, вели шефот на стручниот штаб, Милан Илиевски.
Мечот меѓу Работнички и Шкупи е закажан за утре, со почеток во 17 часот на стадионот „Борис Трајковски“, а главен судија ќе биде Александар Ставрев од Скопје.