Димитар Пилешков ќе го суди мечот Силекс – Работнички
Работнички во второто коло од Првата фудбалска лига в недела (17 часот) ќе гостува во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип, а ќе му помагаат Дејан Костадинов (Скопје) и Александар Ѓорѓевски (Тетово). Четврти судија ќе биде Александар Урошевиќ (Тетово).
За делегат на натпреварот е одреден Абдула Сакипи (Липково), а контролор на судењето ќе биде Алиларџан Хаџипази (Гостивар).