Белица: Работнички посакува успех и во Кратово
Работнички го отвори шампионатот во Првата лига со триумф од 3-1 против Шкупи, но тој успех веќе е ставен во архива кај тренерот Милан Илиевски и фудбалерите. Во пресрет на утрешниот меч против Силекс во Кратово, новото засилување во одбраната Егзон Белица вели дека Работнички е мотивиран за нов позитивен резултат.
„Триумфот над Шкупи ни даде елан, работевме добро изминатава седмица и се надеваме дека во таков ритам ќе продолжиме и на утрешниот натпревар против Силекс. Го респектираме ривалот, не е лесно да се освојат бодови во Кратово, но овој тим на Работнички има квалитет и сила да го стори тоа. Подготвени сме за надигрување и се надеваме на позитивен резултат“, изјави Егзон Белица.
Натпреварот меѓу Силекс и Шкупи е закажан за утре, со почеток во 17 часот на стадионот во Кратово, а ќе го суди Димитар Пилешков од Штип.