Игор Стојчевски ќе го суди мечот Работнички – Македонија ЃП
Работнички в недела ќе биде домаќин на Македонија ЃП во третото коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот е закажан за 17 часот (20.август), на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Познати се и официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Дејан Димитријевиќ. Четврти судија е Дарко Стојчевски.
За делегат на натпреварот е одреден Илир Бектеши од Струга, а контролор на судењето ќе биде Горан Манасиев од Велес.