shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Доне Ристовски ќе го суди мечот Гостивар – Работнички

Работнички во четвртото коло од Првата фудбалска лига утре ќе му гостува на Гостивар. Натпреварот е закажан за 16.30 часот, а одредени се официјалните лица.

Главен судија ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија, а ќе му помагаат Кристијан Џонов (Штип) и Андреј Ќамилов (Велес). Четврти судија ќе биде Александар Урошевиќ од Тетово.

За делегат на натпреварот е одреден Милорад Тренчевски од Куманово, а контролор на судењето ќе биде Марјан Кировски од Скопје.