shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (2-0) на гостувањето во Гостивар

Работнички го доживеа вториот пораз оваа сезона во Првата лига. Нашиот тим загуби со 2-0 од Гостивар во четвртото коло од шампионатот.

Алпер Потук го доведе Гостивар во водство во 12.минута. Тој успеа да ја затресе мрежата на Игор Алексовски откако голманот во првиот обид да одби топката по шутот од далечина.

Работнички се обиде да возврати по неколку прекини на играта и изведени корнери, но без посериозен ефект.

Во 80.минута, Ремзифаик Селмани со удар со глава го постигна вториот гол за Гостивар.

Во завршницата, убави можности имаа Влатко Стојановски и Кристоџеј Дејли, но не успеаја да постигнат гол.