Стојанче Трпчевски ќе го суди мечот Работнички – Шкендија
Работнички в недела ќе биде домаќин на Шкендија во петтото коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот е закажан за 16 часот в недела на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а одредени се официјалните лица.
Главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а ќе му помагаат Драган Трпчевски (Кавадарци) и Владимир Митревски (Битола). Четврти судија е Дени Лековски (Битола).
За делегат на натпреварот е одреден Кочо Зердески (Кичево), а контролор на судењето ќе биде Марјан Маркоски од Охрид.