Пораз (1-2) од Шкендија во судиското продолжение
Работнички беше многу блиску до победа, а на крајот доживеа пораз (1-2) од Шкендија во петтото коло од Првата фудбалска лига. Нашиот тим имаше предност од 1-0 до 90.минута, а потоа на несреќен начин прими два гола во судиското продолжение.
Новото засилување Шафик Кагиму постигна фантастичен гол на своето деби, откако со удар од далечина ја затресе мрежата на Шкендија во 28.минута. Претходно, Ералдо Чинари имаше убава шанса за Шкендија, но Игор Алексовски спаси сигурен гол со фантастична интервенција.
Во второто полувреме, Шкендија бараше израмнување, а во судиското продолжение стигна и до победа.
Во 91.минута, Бруно Дита со удар со глава успеа да го совлада Алексовски, а во 96.минута и Красниќи постигна погодок за триумф на гостите.