shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ндерим Тефику ќе го суди мечот Брера – Работнички

Работнички во шестото коло од Првата фудбалска лига утре ќе гостува во Струмица и ќе игра против тимот на Брера. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија е Ндерим Тефику од Куманово, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Бранко Путилин од Скопје. Четврти судија е Бењамин Керими.

За делегат на натпреварот е одреден Ангел Ташев од Неготино, а контролор на судењето ќе биде Бранко Манојлоски.