Ермедин Адем е ново засилување за Работнички
Работнички во финишот на летниот преоден рок доведе уште едно ново засилување. На нашиот клуб му се приклучи искусниот играч за врска Ермедин Адем. Тој доаѓа како слободен агент откако го раскина договорот со Воска Спорт.
Ермедин Адем (33) има огромно искуство на прволигашката сцена во Македонија. Тој во кариерата настапуваше и за Македонија ЃП, Ренова, Шкупи, Тетекс, Милано…
Адем ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред на Работнички во тековната сезона од Првата фудбалска лига.