Ангелчо Ристов ќе го суди куп-мечот Тетекс – Работнички
Работнички утре ќе гостува во Тетово и ќе ги одмери силите со Тетекс во 1/16 – финалето на Купот на Македонија. Натпреварот ќе се одигра на игралиштето на АМС во Тетово, со почеток во 15 часот. Одредени се официјалните лица за овој меч.
Главен судија ќе биде Ангелчо Ристов од Неготино, а ќе му помагаат Давор Дишлиевски (Кавадарци) и Зоран Ангелов (Неготино). Четврти судија ќе биде Марјан Дејаноски (Кичево).
За делегат на натпреварот е одреден Илир Бектеши (Струга), а контролор на судењето ќе биде Никола Караколев (Штип).