Алексовски: Респект за Струга ТЛ, но шампионот не е непобедлив
Работнички во осмото коло од Првата фудбалска лига утре гостува во Струга каде ќе ги одмери силите со актуелниот првак, тимот на Струга Трим Лум. Атмосферата во нашиот тим е позитивна, а фудбалерите се максимално мотивирани за надигрување со шампионот.
Голманот Игор Алексовски вели дека Струга ТЛ е одличен тим и заслужува максимален респект, но далеку од тоа дека е и непобедлив состав.
„Му гостуваме на шампионот. Секако дека тоа е голем предизвик за нас. Максимално го респектираме противникот, имаат квалитетен состав, но, сепак, не се и непобедливи. Ние веруваме во нашите квалитети, добро работевме во изминатиот период и се надеваме дека ќе одиграме квалитетно и ќе оствариме позитивен резултат“, вели Игор Алексовски.
Работнички во пресрет на утрешниот натпревар во Струга (15 часот) се наоѓа на шестата позиција со 10 освоени бода, а Струга ТЛ е седмопласирана со девет бода, но со само четири одиграни натпревари.