Мазари донесе триумф (1-0) против Тиквеш
Работнички ја оствари чевртата победа оваа сезона во Првата лига откако на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го совлада Тиквеш со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Атдхе Мазари во 21.минута.
Крилниот напаѓач го искористи невниманието во противничката одбрана, се најде на вистинското место и со прецизен удар го совлада Стојан Димовски.
До крајот на првиот дел, Мазари имаше уште една одлична можност, зафати волеј удар, но ја погоди гредата, а потоа топката се одби надвор од полето.
Одлична шанса имаше и Влатко Стојановски, тој шутираше од десетина метри, но Димовски успеа да одбрани.
Во второто полувреме, Тиквеш притисна да израмни, но голманот на Работнички, Игор Алкексовски, како и целата одбрана, беа на висина на задачата.
Во следното коло, Работнички гостува во Штип и ќе ги одмери силите со Брегалница.